Get all 44 PMGRecordings releases available on Bandcamp and save 30%.
Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality downloads of Veselinov - Cyberboy [PMGR210], Goran Kan - E [PMGR209], PMG Kolektiv - Skopjanka 2023 [PMGR208], Bastion - Reworks [PMGR012], PMG Kolektiv - Greatest Hits [PMGR205], Aleksandar Veliki - Golem [PMGR207], Damir Puh - Divergence [PMGR206], Lufthansa - Davor [PMGR203], and 36 more.
1. |
Jazzus [new testament]
44:10
|
|||
2. |
Jazzus [old testament]
24:37
|
|||
Погоспод е постариот брат на Господ Бог и одроден Македонец. Пуста америка умот му го зедола, Англосаксонско тој го измислил и цело парче од земјата искорнал.... од македонската земја света и го менал името и само Холивуд си мисљал дека ќе бидит, ама нцки, многу дволични испаднале љуѓето, оти одродени од македонската суштина. За та постапка, Мадедон го протерал од замоко на небото и го проколнал со болна амбиција да работа 24 сата и пари да прај, толку да имат шо ќе сфатит дека убаината на живото е да се биди Македонец и да се покаи. По 370.000 години тој се имат искрено покаено и се појавуват во Македонија земајќи форми на познати ликој од македонски народни прикаски, оти тој толку имат изгубено и патено во живото, што знаи мудрости и кажват на народо да го поучи. Тој е и поголемио батко на Господ Бог и негов вистински замислен пријател и лајф коуч, оти Македон немат време со то да се занимава, оти легнат е да си почини. Знаете коа татка му ќе му опрости? Никад. Оти Македон не прашта, тој заборава.
Шеитана е помлада сестра на Погоспод, а постара од Господ Бог. Таа е ногу убава, ама зла. Македонецо не знаи дали е тоа зла или паметна, оти релано од умни жени немало и ќе нема корист македонидето, кое е и самото духовна инкарнација на пелинот. Не, пирејот беше, пошто жуто, не најадуе и не откачуе. Шеитана многу го сакала татка си и цело време му давала арни совети за владеење со УниверзумоТ. Арно ама, Македон тоа време, пред 700.000 год, што е 200.00 год пред креацијата на Македонците, бил ноогу конзервативен и имал ниет најстарио син Погоспод, да го налседи. На Погоспода уше тогај му летал памето и не бил роден за политика. Од другастрана Шејтана била подобра не само од него, туку од сите мажи во замокот, а можела нарака буткање да му земи мерка и на таткае. Таа имала планови за сите, ама убај, оти фина мома васпитана. Еднаш, се буткале нарака со таткои до 100.000 победи и го добила 100.000:0, ама овој оти бил прејаден и поднапиен, се наљутил ии рекол оти си девојче не можи да ме наследиш, ќе те дам да те јади чудовиштето од македонското блато, чичќе Мирко Митревски. Ја знаиш песната седнав да вечерам? Е то! Лоша клетва рекол македон. Шејтана, срцето и се сторило на парчина, но останала мирна. Му рекла, мили тате, многу се ицрпе од софрата, дами ти напраи ќерчето 2 паралели, да ми се освежиш. Тој веднаш се согласил и со леснотија ги телепортирал преку носот во крвта му густа. Очите широко му се отвориле, потскокнал од ентузијазам и небаре ги запеал следните зборој: Леле ќерко ти згрешив, негомислев ова, ете знам дека кога јас починвам ти го водиш универзумо, а Погоспод дуват и незнаи газо кај му е. Биди трпелива, и за 1 милион години, ќоќе одам пензија, тебе ќе ти остам целио свемир и највредното во него, Македонија. Таа рекла благодарам тате, чест ми е, но во себе рекла: доцкан е за ова сега више животињо ропачка. Потоа, Македон, транквилен во илузијата дека е совршен татко, пошмркал уше кило од иљачот на Шеитана. Потоа повторно јадел, па испил 100 вагони пиво и легнал да почини.
Господ Бој, подоцна познат и како Господ Бог е најмалото дете на Македон и помало братче на Погоспод и Шејтана. Во отсуство на постарите брат и сестра кои се одродиле од македонството, тој владее со Универзумот, додека татко му Македон спие. За Господ Бог сите знаете се, па и повеќе од тоа, се разбира, доколку сте Македонци. Затоа, за Господ Бог нема потреба од некоја продлабочена интродукција.
...................................................................................................................
Македонија е земја каде што се раѓа пролетта, светлината, писмото. Македонија е земја каде што се раѓа умот, науката, митологијата. Македонија е земја каде што се родил и настанал џезот. Матката е местото на раѓањето. Матката на мајката Земја. А таткото е Духот божји, Македон. Најстариот обработен артефакт за настанокот на џезот, датира од пред 500.000 години.
Но, да почнеме со ред...
Едно прекрасно македонско утро, пред точно 500.000 години, Македон станал од илјадагодишна починка и посакал нешто да изеде. Ете, доручек. Наеднаш, сите поданици во Замокот на Небото се разлетале нагоре - надолу. Заклале и испекле 10.000 пилиња, 4000 прасиња, 3 шуми кромид и 50 вагони маст, за Македон да се најади. Доручек како доручек - напорен, па Македон омалаксал и го фатило слатка дремка. Мрморејќи си така на заспивање, спонтано почнал да ги мрси своите муда. Бил тоа еден пар навистина ОГРОМНИ муда. Така настанало познатото МРСЕЊЕ МУДА. Мудата му биле толку замрсени, што од мрсот, почнал да растекува замокот од небото, па надолу. Преплашени и во ужас дека замокот ќе се слизне и ќе се ничкоса долу, дворјаните ја повикале на помош Шејтана, ќерката на Македон, која била во прогонство, оти пред околу 200.000 години се одродила од коренот македонски. Шеитана никако не смеела да се појави во замокот на небото, но ситуацијата била толку очајна, што немало друго решение, освен да се повика најпаметната глава во Универзумот. Замрсените муда на Македон ширеле убиствена кислојна, која силно ги штипела очите, но и здравиот разум на сите во замокот. Опасноста била од епски размери. Не бил во прашање само опстанокот на темелите на замокот, туку и воопшто опстанокот на МАКЕДОНСТВОТО.
Шеитана била многу злобна, но во исто време и неверојатно остроумна мома, па скроила лукав план: како да им помогне на Македонците, но во исто време и себе си. Во истиот моментот кога пристигнала во замокот на небото, во нејзините раце се нашла првата книга напишана во универзумот. Книгата се викала: ТАКА БИЛО ПИШАНО. Во таа света книга, јасно стоело дека во малото македонско занаетчиско гратче Скопје, ќе се роди дете со посебни способности, но и потреби. На детето му било пишано, дека кога ќе порасне, ќе поседува неверојатни способност, но и сила со која ќе може да одмрсува муда дури и смрсени од богови.. Името на тоа посебно момче било Џезуз.
Уште од најмала возраст, Џезус сенешто мрсел и одмрсувал. Често знаел да мрси муда од лабуда, но не ни сонувал дека еден ден ќе ги одмрсува мудата на Македон. Сепак, така било пишано. А од пишаното не се бега.
Шејтана не губела време, туку веднаш испратила тројца мудреци во гратчето Скопје, да го оттргнат Џезуса од родното огниште и да го принесат во замокот на небото. Така и било. Мудреците го одвоиле од родната грутка и го иставиле младиот Џезус пред заспаниот Македон, па му заповедале да му ги одмрси мудата. Никој во Универзумот до тој момент, не се бил осмелил да му ги допри мудата на Македон, освен неговиот верен другар Голем Дојчин. Македон ќе му спомнел: “Дојчине, друже, де потфати ме за муда” и овој одма ќе го потфател. Но тоа е сосем друга приказна. Да се вратиме ние на нашиот Џезус... Нему сето ова му дошло малку нагло, но брзо се фатил за работа. Мудата на Македон биле навистина огромни. На крајот на краиштата, целиот жив свет во Универзумот потекнува од овие гигантски јајца. Но тогаш се случило нешто неверојатно. Без да исцеди капка пот, Џезус успеал да ја расплете најзаплетената и најмрсна таписерија во историјата. Топол летен вертец ги заплиснал сите во замокот, но и сосем нов, прекрасен и синкопиран звук. Одмрсувајќи се, грандиозните ѕвона на Македон го произвеле најсовршениот звук во историјата на Универзумот, мила музика за македонските уши. Во чест на Џезус, таа музика ја нарекле ЏЕЗ. Од тој момент, џезот е традиционална македонска музика.
.....................................................................................
ПОГОСПОД:
Моља? Шорече? Какорече?? Ти се моља!
Џез Фестиваал?? Како, Какорече? Фестиваал? #Бевјас фестивал. То се вика ЏЕЗ КАРНЕВАЛ! Како, како?
Ела сеа баткоти дамити кажи какобеше таа работа. Оти тиа скопјанчиштана проклети љуѓа се, имет влезено во црни сценарија со малатами сестра Шејтана. Татие мајката на Ѓаоло и првата жена која имала рогој во универзумо. Од неа настанала најстарата професија на свето, БАБА РОГА. Ама шшшш, молчете си, оти нејното име не смеит да се спомнит, оти лично Македон ја протера ќерка си Шејтана од замоко на небото, оти таја се одроди од Македонството, исто како ијас....
Но да ојме со ред, од почеток. Баткоти ќемити кажи какобеше.
Точно пред 450.000 години од денеска, имало голема кавга: к’ј да бидит првио ЏЕЗ КАРНЕВАЛ, али Охрит, али Преспа. Охрит оти било најубо енѕерото, ама и љуѓе најубај. Охрицко уште од дамнина имет 5-6 нијанси појќе од Тахити, а и факто дека е пра-Ерусалим, држит вода. Преспанцко исто имет силни аргументи. Прво: Циронки. Друго, чорбата од Асамати колкучинит реално, а? Трето: Мистика имат ногу такане? Кавгата била огромна, охриѓани викале: “отастрана се педери”, а преспанци им враштале со плјуване. Ама пошто реално сите убо мислеле, ама недоразбиране, го извикале Џезус, да се симни од небескио замок на таткаму Македон и да пресечи. Синќи тој бил изумитело и господаро на џезо, како македонска традиционална музика.
Џезус спокојно атерирал Прилеп, али Кичево, оти неутрална територија, а и да остани објективен - да не споулави од убајните на двете езера - создадени од две детски солзи на Македон. Света вода која извира директно од македонското небо и каде 1000 години пред настанокот на светот, прапрадедому белел платно со Билјана. Билјана мома убава. И добра била. Добббррррааа!
Џезус веднага ја разбрал маката на народо македонски, гладен за џез ко поп за јагне и се подзамислил. И оп му текнало! Од ногу време пројдено на небото кај таткаси го тражел и нашол, тој сфатил дека треба да ја види ситуацијата озгора. Кратка астрална проекција (сега то дроној шого прает); се проектирал на небото, видел невидел и веднаш потскокнал од радост, па му се обратил на народо: “Еееј наародеее, мили татко и сите македонци родени и одродени! Немојте да се карате море, синќи вие сте другарчиња, вие треба да си играте, не да се карате, такане? Првио џез карневал ќе биди на врво на светата планина Галичица, на чистинкана. Тамо ќе се донесет 10.000 барабанџии,10.000 кавалџии и 10.000 гајдаџии и окарини и шупелки и сите можни инструменти за свирејне џез. И сите ќе засвирет заедно и ќе се слушат и Охрид и Преспа. Толку ќе биит убо, што ќе се позлатит топлата душа македонска што дури и Македон блажено ќе се насмеит насред спокојната починка. Оти Македон ги благослови Македонците да бидат најмузикалнио народ за навек и после можеше мирно да си почини. И така бидна. И сите беја среќни и весели. Месо се јадеше, пиво се пијаше и трева се вијаше. Џез музика како нежен езерски бран се спушти од двете страни на светата планина Галичица. Тоа беше првиот ЏЕЗ КАРНЕВАЛ. А не ФЕСТИВАЛ, сега како што го викает скопјанчишчана проклети!!!
ГОСПОД БОГ (прашање): Бате, бате, а каквопиво се пијаше на КАРНЕВАЛО?
ПОГОСПОД: Аааа, ела баткоти ќемити кажи:
На ПРВИО ЏЕЗ КАРНЕВАЛ, се пијаше ЏЕЗУС ПЕЈЛ ЕЈЛ, а то беше и официјално пиво на КАРНЕВАЛО се додека скопјанчишчана не го открадоја. ЏЕЗУС ПЕЈЛ ЕЈЛ е пиво од подрумо на Димо Скопјанецо, еден од ретките убај скопјанчишта, синки СКопје тогај уште беше мало занаетчиско гратче. Димо да ти бил тревар, и толку ногу си ја сакал тревата шо почнал да ја клава пиво. Тревар и исцелител, во чиј казан клокотеле и боботеле првите македонски пива. Димо да ти бил и казанџија, но со волшебни моќи кои ги научил од првата исцелителка во светот и негова балдска, ВЕШТЕРКАТА ГАНЏА. Тој е прв машки шаман на територијата на Македонија.
ГОСПОД БОГ (прашање): Бате, бате, само то пиво се пијало, али друго некое имало?
ПОГОСПОД: баткоти право да ми ти кажи, имало и друго пиво, се викало БОГОМИЛСКА КРВ. Црвено-црно пиво, малу тешко, ама нооогу убо и јако ударало, а подоцна од тие бои настанал првио футбалски клуб на свето Вардар од СКопје... Скопје??? ааах проклет град и гнасни скопјанчишта кои после 449.970 години традиција, сторија пакт со Шејтана и помоќу влашкамагија, го откраднаја Карневало од древните езера и го кладоја Скопје. Ај што го крадоја, ама и ИМЕТО МУ ГО МЕНАЈА во Џез Фестивал. Бев јас фестивал.
ГОСПОД БОГ (прашање): бате!!!??! името?
ПОГОСПОД: името го менаја братче, крв да серат скопјанчиштана! Но да одиме со ред:
Сето то е масло на влашкамагија, Шејтана и скопјанчишчана. Најпрвин го бетонираја Охрицконо езеро. 50 сантиметра бетонска плоча и парапетче околу му кладоја. Кај Пешчани имет дупка напраено во подножјето на светата планина Галичица и го имет пуштено Четкаро да ја пијат водата од Перспанцко, па од неа да правет лажно пиво - скопско пиво, да го наредат спонзор да им биди на фестивало. БЕВЈАС фестивал.... И шчо напраива? Скопје го кладоја. Од чистинката на светата планина Галичица, кајшто самион Џезус го кладе, го фрлија ко ѓубре да е во Универзална сала, шо ти е привремен објект, небезбеден. А Галичица како? природа, национален парк, чис воздух а и се гледет 2те езера. Влашкамагија, шодатиречам! Негоо... Ај шо го украдоја, туку ИМЕТО МУ ГО МЕНАА. Одроди, фестивал му кладоја.. аљо шо сме ние, Викинзи? Галичица Упсала да не е море, али Водно? Викинзи се одродени македонци! Море, ето на норвешки јазик: фјорд. Ам тотие Фројд, најголемио македонски лајф коуч од Виена. Виена ти доваѓа од ВИЕ, шо значит мота, како на пример мота џоинт. Такане? Простете мала дигресија. Него шо праиме со името???? Море море, ко ќе стани татее, ако тој немесака, синки јас го сакам и се покајав, и ќе го моља за прочка.... море ко ќе стании... Ќеа правиме голематаа!!! Пердуви ќе летат и џигери скопјански на ситестрани, пердаш невиден ќе се стори. Ќе дувнит Македон со здив на починка од 50.000 години, Влашкамагија да ја оддуват дури до Тргу Муреш. ИМЕТО ЌЕ ГО МЕНАЛЕ??? Карневало е лично задужбина на Џезус и инкарнација на топлата душа македонска и кој ќе го менат името е скопски педер и кур летово Охрид, 100 денара на влез за скопјани па да видиме. И Тамаро немат влез за скопјани и баткови сите газо ќе ве еби оти сте педери.
Имат Скопје езеро? Немат. Чао пријатно!
|
PMGRecordings Skopje, North Macedonia
Independent record label from Skopje, Macedonia, bringing quality contemporary Macedonian music to light since 1998. Creator, mover and shaker of the vibrant lively Macedonian culture on the streets.
www.pmgrecordings.com
Streaming and Download help
If you like PMGRecordings, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp